Достапни линкови

logo-print

Обиди за спасување на блискоисточниот мировен процес


Американскиот пратеник на Блискиот исток Џорџ Мичел денеска ги почнува дипломатските напори за спасување на израелско- палестинските мировни разговори. Денеска Мичел во Ерусалим треба да се сретне со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и со министерот за одбрана Ехуд Барак, а за утре се најавени разговори со палестинскиот претседател Махмуд Абас. Ситуацијата во регионот е напната откако Израел одби да ја продолжи забраната за градење во доселеничките населби на Западниот Брег, а Абас се закани дека ќе се повлече од преговорите ако не се продолжи забраната.
XS
SM
MD
LG