Достапни линкови

Предвремените избори може да го одложат дијалогот Белград-Приштина


Специјалниот претставник на ЕУ на Косово Питер Фејт изјави дека би можело да се одложи почетокот на преговорите меѓу Белград и Приштина, ако Владата на Косово распише вонредни избори поради оставката на косовскиот претседател.
Тој сепак изрази надеж дека нема да дојде до пролонгирање на почетокот на дијалогот меѓу Белград и Приштина, додавајќи дека сепак зависи од потезите на Владата на Косово.
Специјалниот претставник на ЕУ на Косово не ја исклучи можноста Косовска Митровица да биде една од темите на идни разговори на Белград и Приштина.
XS
SM
MD
LG