Достапни линкови

Чистење на Куманово


Куманово
Куманово

Акциите на локалното комунално претпријатие ,,Чистота и зеленило" за чистење на Куманово продолжуваат.

Локалното комунално претпријатие „Чистота и зеленило“ во Куманово започна со реализирање на третата фаза на акциите за чистење на градот и неговата најблиска околина. Акциите се подржани и од локалната смоуправа и од општинските советници, меѓутоа и покрај
Ова е трета фаза откако започнавме минатата есен. Првата фаза беше расчистување на дивите депонии, втората фаза беше на пролет, косење и одржување на површините во близина на станбените објекти
повикувањето на граѓаните да се вклучат во расчистување и уредување на нивната животна средина нивното учество сеуште е незначително.

„Ова е трета фаза откако започнавме минатата есен. Првата фаза беше расчистување на дивите депонии, втората фаза беше на пролет, косење и одржување на површините во близина на станбените објекти. Третата фаза е расчистување на јавно прометните површини околу игралиштата,училиштата.“

Вели Сашо Петрушевски, директор на ЈП „Чистота и зеленило“.
Градоначалникот Зоран Дамјановски чие присуство не изостанува на ваквите акции вели дека освен што претпријатието за одржување комунална хигиена изведува акции за чистење на градот, Општината Куманово распишала тендер за избор на фирма која со соодветна механизација ќе ги расчистува дивите депонии, чија бројка во Куманово не е занемарлива. Таа фирма според градоначалникот:

„Со механизација се вклучи со ЈП „Чистота“ за расчистување на поголемите сметови и дивите депонии. За жал, дивите депонии кои беа расчистени во пролетната акција, нашите граѓани на исто место повторно ги создадоа со шут и градежен
За жал, дивите депонии кои беа расчистени во пролетната акција, нашите граѓани на исто место повторно ги создадоа со шут и градежен материјал
материјал.“

Вели градоначалникот Дамјановски кој за справување со ваквото однесување на поединци најавува:

„Од идната година ќе ја зајакнеме комуналната инспекција, која по новиот закон ќе добие статус на комунална полиција и со тоа ќе се запазат одредбите на Законот за јавна чистота. Со тоа на некој начин ќе се стави ред на депонирање на сметот. Куманово има депонија за ваков вид отпад,а граѓаните не се однесуваат соодветно,па го фрлаат насекаде.“

Граѓаните се задоволни од акциите за чистење.

„Многу сме задоволни. Пред неколку години кога се доселивме сами чистевме.“

„Сега е добро.Супер е.“

Резултатите од акциите за чистење на Куманово се очигледни. Но и покрај самокритичноста на кумановци дека и тие треба да се однесуваат поинаку, сеуште има многу граѓани кои ја загадуваат животната средина.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG