Достапни линкови

Владата во „борба“ со медиумите


Од последните протести на новинарите во Скопје

Од последните протести на новинарите во Скопје

За новинарите и експертите, честите деманти на владата кон одредени медиуми се со цел уривање на нивното влијание.

Реакциите и демантите од владата до адресата на одредени медиуми за новинарите се начин и обид да се влијае врз сликата за таа информативна програма во јавноста, а за експертите тие се инструмент во борбата со нивните политички опоненти. Премиерот Никола Груевски дури и одбележувањето на дваесетгодишнината на ВМРО-ДПМНЕ ја искористи да прозива некои медиуми во негативен контекст. Најчесто како причина за реакциите се наведени непрофесионалниот однос на новинарите и неточните наводи во нивните
Тоа е реакција, а не е демант, значи реакција на тоа што објективно го прикажува новинарот, односно А1 Телевизија. Да, тоа е политички притисок, тие не демантираат дека тоа не е така, туку на она што е кажанo.
прилози. Новинарот во А1 Телевизија, Мишко Иванов вели дека во изминатиов период имало пракса на засилени реакции оркестрирани од владата за нивната работа, а причината е незадоволството од објективноста на прилозите.

„Вистината секогаш боли, нормално е така да реагираат. Нормално е во Македонија, не е нормално во некоја развиена земја да има такви реакции. Тоа е реакција, а не е демант, значи реакција на тоа што објективно го прикажува новинарот, односно А1 Телевизија. Да, тоа е политички притисок, тие не демантираат дека тоа не е така, туку на она што е кажано.“

Новинарката Тамара Чаусидис која е дел од организацијата „Новиинарско Востание“ вели дека владата не случајно таргетира одреден медиум со цел да го сруши неговото влијание врз граѓаните.

„Постојаното демантирање го дава тој ефект да јавноста почнува редовно да ја прима со резерви информацијата што ја добива. Тоа е едната страна, втората страна е дека многу често демантите како такви се потребни затоа што ние како фела прилично се одалечивме од професионалните стандарди.“
Постојаното демантирање го дава тој ефект да јавноста почнува редовно да ја прима со резерви информацијата што ја добива.


Комуникологот Сеад Џигал вели дека на владата и стана пракса да ги инволвира медиумите во нејзините политички расправии, што е на штета на сите засегнати страни. Но, најмногу патат медиумите, бидејќи се отвара простор за нездрава конкуренција меѓу нив.

„На некој начин медиумите стануваа приврзок на условно кажано политичките елити и стануваат дел од политичката борба на начин на кој што не им доликува, на начин кој не им е даден во самиот комуникациски систем во државата.“

Новинарите велат дека излезот е во оформување на тело за саморегулација кое ќе ја има улогата да внимава дали се запазени стандардите во професијата.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG