Достапни линкови

Хисени: Дијалогот треба го подобри соживотот


Словенечкиот министер за надворешни работи Самуел Збогар и шефот на косовката дипломатија Скендер Хисени разговараа во Њујорк во рамките на Генералното Собрание на обединетите нации за дијалогот меѓу Косово и Србија. Хисени истакнал дека е потребно дијалогот меѓу двете земји да не се однесува на статусот на Косово туку за се решаваат другите прашања со кои би се олеснил соживотот на граѓаните од двете држави. Збогар го информирал својот колега за предлозите дадени минатата недела од Европската Унија и Соединетите американски држави за текот на дијалогот. Тој додал дека е потребно што е можно побрзо да започната двете земји со разговори и понудил поддршка за двете држави.
XS
SM
MD
LG