Достапни линкови

Мичел се враќа на Блискиот Исток


Специјалниот американски претставник за Блискиот исток, Џорџ Мичел се упати назад кон проблематичниот регион. Ова следува откако Израел одби да продолжи со замрзнувањето на одлуката за изградба на спорната населба. САД , Франција, Велика Британија, и Обединетите Нации изразија разочарување за израелската одлука. Палестинскиот претседател Махмуд Абас соопшти дека ќе одлучува за понатамошниот тек на преговорите по консултациите во понеделник на форумот на Арапската Лига и средбата со палестинските преговарачи.
XS
SM
MD
LG