Достапни линкови

logo-print

Јакуп Красниќи - в.д. претседател на Косово


Претседателот на косовскиот парламент Јакуп Красниќи ја презеде функцијата в.д претседател на земјата.
Красниќи вети дека нема да се создаде политички вакуум. Тој ќе ја извршува фунцијата до изборот на нов претседател на Косово. Досегашниот претседател Фатмир Сејдиу поднесе оставка откако Уставниот суд одлучи дека не смеел истовремено да биде и претседател на Косово и претседател на неговата партија Демократски сојуз на Косово и оти со тоа го прекршил Уставот.
XS
SM
MD
LG