Достапни линкови

Пакистан го критикува НАТО за повреда на суверенитетот


Пакистан го критикуваше НАТО за нарушување на суверенитетот, откако Алијансата изведе неколку воздушни напади на пакистанска територија. Хелихоптерите на НАТО од источен Авганистан, во саботата, гаѓаа цели во провинцијата Северен Вазиристан на пакистанска територија, при што убија педесетина бунтовници.
Пакистанското Министерство за надворешни работи соопшти дека мандатот на странските војници во Авганистан завршува на авганистанската граница. Во соопштението се наведува дека, ако не престанат ваквите акции, Исламабад „ќе ги разгледа можностите за одговор“.
XS
SM
MD
LG