Достапни линкови

Полова дискриминација


Жените во текстилните фабрики најподложни на дискриминација
Жените во текстилните фабрики најподложни на дискриминација

Жените се уште не се еднакви со мажите, потврдуваат и во министерството за труд и социјална работа од каде најавуваат формирање Комисија за истражување на таквите случаи.

Македонската жена се уште е дискриминирана и постојано се кршат нејзините права. Ниту законот за еднаквост меѓу половите не придонесува за промена на состојбата. Државната советничка за родова рамноправност во министерството за труд, Елена Грозданова вели дека правата на жената најмногу се кршат додека таа е на работното место.
Голем дел од оние кои што се ангажирани во приватниот сектор осовено во текстилната индустрија имаме информации и од Невладините организации дека на некој начин се злоупотребуваат


„Голем дел од оние кои што се ангажирани во приватниот сектор осовено во текстилната индустрија имаме информации и од Невладините организации дека на некој начин се злоупотребуваат, односно крши законот за работни, но во таа насока министерството формира комисија која работи на овој план и се надевам дека во иднина ќе се превенираат односно елеминираат ваквите проблеми што незначи дека се кршат и прават на мажите кои се вработени во други сектори“.

Дискриминацијата на жената не го одминува ниту Велес. И тука постои поделба на работните места на машки и женски. За надминување на состојбата, женската граѓанска иницијатива Антико, постојано работи на терен , едуцирајки ги жените но и Здруженијата кои имаат целна група ги имаат жените. Активностите на Антико во последно време се насочени токму кон проверка на тоа кака и дали на терен се спороведува Законот за еднакви можности.

„Имаме едно да речам негативно искуство дека граѓаните во Република Македонија многу малку знаат за овој Закон исто така и за
Министерството формира комисија која работи на овој план
надлежностите односно одговорностите на субјектите кои што се одговорни за имплементација на истиот и токму затоа како што реков работиме на работат на сензибилизирање или информирање на јавноста“

вели Грозданова.
Нееднаквоста меѓу половите, министерството за труд го натерало да отвори канцеларија која ги прима забелешките од жени кои почуствувале дискриминација поради полот. Претставките подоцна се испраќаат до државни институции одговорни за решавање на проблемот. Има велешанки кои пријавиле дискриминација, но бројката и конкретни случаеви не се откриваат.
XS
SM
MD
LG