Достапни линкови

logo-print

Помош за поплавените области


Поплави

Поплави

Неисчистените канали, повторно причина за поплавите. Локалните власти бараат поголема помош за поплавените подрачја во Струмица, Валандово и Гевгелискиот регион.

Материјалните штети кои ги предизвикаа поплавите во Струмица се големи и потреба е помош од сите нивоа на власта. Наврнатите 52 литри дожд на квадратен метар предизвика штети и кај главниот цевковод. Поплавени се и стопански објекти. Водата навлезе во неколку стотини куќи, дворови, продавници. Градоначалникот вети помош. Ангажирани се дваесет булдожери и 20 камиони за расчистување на теренот. Дополнително се ангажирани 200 граѓани кои за дневница од 600 денари ќе им помагаат на екипите од комуналното
Утре има седница, ќе знаме што предвидува Владата за каналите, за штетите, ако треба помош
претпријатие, изјави Зоран Заев:

,,Каналите отворени и канализациите кои што се во рамките на урбаниот опфат, тоа е наша надлежност, за пет до шест дена ќе биде завршено, но неможе веднаш."

Ако реките не се исчистени нема ефекти од тоа што ќе се чисти. Надвор од урбаниот опфат за чистење на одводните канали е надлежна државата. Во меѓувреме формиран е кризен штаб, а на терен излезе Комисијата за проценки на штетите. Увид на состојбите беа да направат од ресорните министерства за земјоделство и за транспорт, а од анализите ќе произлезат оценки во колкава висина ќе биде обесштетувањето, изјави портпаролот на владата Мухамед Хоџа:

,,Утре има седница, ќе знаме што предвидува Владата за каналите, за штетите, ако треба помош."
Сите канали треба да бидат исчистени и за наредните две до три години тие може да опстанат, но после тоа мора да се одржуваат. После третата година ако не продолжи нивното одружување ќе израсне вегетацијата, плевен


По секој дожд во овој регион има поплавени површини бидејќи водите од повисоките делови завршуваат во куќите и дворовите. Каналот што ја прифаќа водата до ридовите едноставно се преполнил и водата почнала да им влегува во домовите. Експертите велат дека во овој случај проблемот настанал поради тоа што за релативно кратко време падна голема количина дожд, но вториот проблем е човечкиот фактор што каналите не се одржуваат и се фрлаат растителни остатоци на местата што граничат со каналите и тие не се во состојба да ја примат водата што з а кратко време ќе се слее во нив. Најчесто одводните кални кои се низ земјоделски површини треба да ги чисти министерството, но треба и локалната самоуправа да даде придонес, а и земјоделските производители кои кога стопанисуваат треба правилно да ги користат каналите, вели професор Илија Каров:

,,Сите канали треба да бидат исчистени и за наредните две до три години тие може да опстанат, но после тоа мора да се одржуваат. После третата година ако не продолжи нивното одружување ќе израсне вегетацијата, плевен."

За среќа дождовите престанаа, но во многу подрачја состојбата и натаму е тешка, особено и во Валандовско и во Гевгелиско каде повеќе обработливи површни беа целосно под вода. Експертите ја нагласуваат исто така и потребата од осигурување на домаќинствата и земјоделските површини.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG