Достапни линкови

ЕУ - Дијалогот Белград-Приштина што поскоро


Најновите случувања на Косово, односно прекинот на сигналот на српската мобилна и фиксна телефонија, ја потврдуваат неопходноста од започување побрз дијалог меѓу Белград и Приштина, изјави Маја Коцијанчиќ, портпаролката на шефицата на европската дипломатија Кетрин Ештон. Таа рече дека е потребно решавањето на проблемот да продолжи во конструктивна атмосфера.
Косовските власти вчера демонтираа дел од опремата за мобилна и фиксна телефонија на „Телеком Србија“, поради што без сигнал останаа повеќе од десетици илјади косовски Срби.
XS
SM
MD
LG