Достапни линкови

logo-print

Андреј Петров - Груевски лаже за лустрацијата


Секретарот на СДСМ Андреј Петров денеска изјави дека премиерот Никола Груевски не ја кажува вистината за лустрираниот уставен судија. Тој посочи дека судијата бил избран од Собранието, на предлог на Републичкиот судски совет, кој во тоа време бил „под целосна контрола на ВМРО-ДПМНЕ“.
Груевски претходно рече дека лустрираниот судија е избран на предлог на поранешниот претседател Бранко Црвенковски.
Петров прашува и преку кои членови на Комисијата бил направен договорот меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ за заштита на двајца пратеници од парламентарното мнозинство.
Според него, за СДСМ прифатливо е процесот на лустрација да важи за кој било период и за која било личност.
XS
SM
MD
LG