Достапни линкови

logo-print

Надежи за решение


Вицепремиерот Васко Наумовски

Вицепремиерот Васко Наумовски

Британскиот амбасадор во Македонија Кристофер Ивон изрази надеж за напредок во преговорите за името. За вицепремиерот Наумовски пак, Грција мора да ја прифати реалноста.

Постоењето на македонскиот национален идентитет е реалност која не може да се промени, смета вицепремиерот за европски прашања Васко Наумовски. Британскиот амбасадор Кристофер Ивон, пак, изразува надеж дека ќе има напредок во преговорите меѓу Македонија и Грција. Запрашан дали Грција ќе се откаже од оспорување на македонскиот идентитет и јазик, Наумовски одговара:
Кога некој има проблем со реалноста постојат два начини тој проблем да биде решен, првиот да ја промени реалноста, вториот е да го промени својот став и да ја прифати реалноста таква каква
што е.


„Кога некој има проблем со реалноста постојат два начини тој проблем да биде решен - првиот да ја промени реалноста, вториот е да го промени својот став и да ја прифати реалноста таква каква што е. Постоењето на македонскиот национален идентитет, јазик, култура, македонската историја и цивилизација воопшто е една реалност која што не би можела да се промени.“

Наумовски изрази надеж дека сите соседи на земјава ќе ја прифатат реалноста:

Вицепремиерот Васко Наумовски и британскиот амбасадор Кристофер Ивон на промоција на книгата за деца ’Да ја запознаеме Европа‘

„Се надеваме дека сите наши соседи што поскоро ќе ја прифатат таа реалност и тоа ќе ни овозможи со сите од нив да градиме блиски и пријателски односи.“

Британскиот амбасадор во земјава Кристофер Ивон пак одби да презентира, како што кажа, лични впечатоци за напредокот во преговорите за името и додаде:
Се надевам дека наскоро ќе има напредок. Сметам дека за тоа ќе бидат потребни лидерство и флексибилност. Сепак, се надевам дека напредокот набрзо ќе биде
постигнат.

„Се надевам дека наскоро ќе има напредок. Сметам дека за тоа ќе бидат потребни лидерство и флексибилност. Сепак, се надевам дека напредокот набрзо ќе биде постигнат.“

Амбасадорот вели дека за сега нема конкретни информации од британската влада во врска со евентуално либерализирање на визниот режим за македонските државјани.

„Владата во Обединетото Кралство јасно кажа дека секогаш сме отворени за ревидирање на нашиот визен режим низ целиот свет. За сега нема краткорочни планови за воведување промени во сегашниот систем.“

Инаку, амбасадорот Ивон и вицепремиерот Наумовски промовираа книга за деца од 9 до 12 години со наслов ’Да ја запознаеме Европа’.
XS
SM
MD
LG