Достапни линкови

Ивановски - Не сум бил кодош


Не е вистина дека сум соработувал со тајните служби, изјави претседателот на Уставниот суд на денешната седница на Комисијата за лустрација. Претходно Комисијата го утврди спротивното.
Тој тврди дека се работи за вешто исконструиран атак и хајка, политичка пресметка и обид за дискредитација „на носител на раководна функција во институција што не потпаѓа и не постапува по политички диктат“.

„Премногу наивно е да се поверува и прифати дека единствениот што треба да се лустрира, барем засега, е првиот човек во заштитата на уставноста и законитоста“, рече Трендафил Ивановски.

Тој вели дека со начинот како што се постапува во конкретниот случај не само што не се врши лустрација, туку се врши „кастрација“ на здравиот ум.
Ивановски најави дека откако Комисијата ќе донесе заклучок ќе се жали до Управниот суд, а потоа и до Врховен суд.
XS
SM
MD
LG