Достапни линкови

logo-print

Вокер: спорот Скопје - Атина да се реши на самитот на НАТО


Спорот меѓу Атина и Скопје предизвика премногу меѓународни и внатрешни компликации и затоа името треба да биде на агендата и да биде решено на НАТО самитот во ноември, се вели во заклучоците за Македонија во најновиот извештај на Центарот за стратегиски и меѓународни истражувања од Вашингтон.
Според Курт Вокер, аналитичар на Центарот за трансатлантски релации на универзитетот „Џон Хопкинс”. долгогодишниот спор најмногу штета му направи на македонскиот народ. Вокер, кој до мај минатата година беше американски амбасадор во НАТО смета дека е можен прогрес за името со цел Македонија да се врати на колосекот за членство во НАТО и ЕУ.
XS
SM
MD
LG