Достапни линкови

Судијата од Уставен Суд пред Комисијата за Лустрација


Судијата на Уставниот суд на кого Комисијата за лустрација му доставила заклучок дека има несогласување на неговата изјава оти не бил соработик на тајните служби со фактите кои ги има Комисијата, денеска ќе сведочи.
Судијата ќе ги изнесе своите аргументи на седница на Комисијата, но побара таа да е јавна, иако во принцип седниците се затворени.
Премиерот Никола Груевски вчера изрази сомневање во кредибилитетот на работењето и легитимитетот на дел од донесените одлуки од Уставниот суд.
Законот за лустрација во Македонија беше донесен во 2008 година и важи за перидот до 1991 година, кога е донесен новиот Устав на Република Македонија.
Уставниот суд во март оваа годинава ја укина одредбата името на лицето кое соработувало со тајните служби да се објавува во Службен весник, за да не се жигосуваат личностите.
XS
SM
MD
LG