Достапни линкови

logo-print

Владата вети помош за поплавените во Струмица и Валандово


Министрите за транспорт и врски и за земјоделство Миле Јанакиески и Љупчо Димовски вчера ги посетија поплавените места во струмичко-валандовскиот регион. Министрите ветија помош за жителите да се справат со последиците од поплавите. Од поројниот дожд, како што соопштуваат од Центарот за управување со кризи, има одрони на патниот правец Струмица-Валандово, а поплавени се и повеќе куќи, земјиште, а оштетени се и дел од канализациската и водоводната мрежа. Во погодените места оштетени се и моторни возила и механизација . Како последица од поплавите неколку населени места во тој регион останаа без вода за пиење. Комисии работат на утврдување на материјалната штета.
XS
SM
MD
LG