Достапни линкови

Груевски го спори легитимитетот на одлуките на Уставен


Премиерот Никола Груевски изрази сомнеж за кредибилитетот, но и за легитимитетот на веќе донесените одлуки од Уставниот суд, откако Комисијата за лустрација утврди дека еден од уставните судии соработувал со тајните служби.
Се поставува прашањето за легитимноста на одлуките на Уставниот суд, особено оние што поминале со гласање 5:4 , а внатре во судот имало човек за кој што гледаме каков бил, изјави Груевски.
Тој рече и дека се сомнева оти СДСМ има „кодош“ во Комисијата за лустрацијата и во Уставниот суд.
Според него, СДСМ во Комисијата предложил луѓе што не се професионалци, туку и даваат информации на партијата, а понекогаш и свесно пласират дезинформации.
XS
SM
MD
LG