Достапни линкови

Косово ја повлече забраната за влез на српски официјални претставници


Косовската Влада ја повлече одлуката со која на српските официјални претставници им беше забрането да влегуваат во Косово. Ова го соопшти косовскиот вице-премиер Хајредин Кучи во изјава за приштинскиот весник „Коха Диторе“.
Тој нагласи дека решението е донесено по повод церемонијата за хиротинисување на новиот поглавар на Српската православна црква, патријархот Иринеј, која е закажана за 3 октомври во седиштето на Пеќката патријаршија.
Кучи изјави дека властите во Приштина бараат само почитување на процедурата за барање дозвола за влез, додавајќи дека досега не добиле барање дозвола за посета на српскиот претседател Борис Тадиќ или на некои други претставници на Белград, по повод устоличувањето на патријархот.
Забраната за влез во Косово беше воведена минатиот месец, со образложение дека при нивните претходни посети српските претставници го злоупотребувале престојот за политички цели.

XS
SM
MD
LG