Достапни линкови

Ромите и економијата - цели на Унгарското претседателство со ЕУ


Државниот секретар за ЕУ на Унгарија, Енико Гјори изјави дека за време на унгарското претседателство со Унијата, тие ќе се фукусираат на интеграција на Ромите и економското заздравување.
Ромското прашање дојде во фокусот, откако Франција почна да ги депортира Ромите во Романија и Бугарија.
Гјори рече дека Унгарија се труди да ја интегрира 700-илјадната ромска заедница во земјата, но оти пошироката интеграција е европско прашање кое треба да се реши „врз основа на социјална инклузија, а не врз основа на етничка припадност“.
Унгарија ќе го преземе претседателството со ЕУ на почетокот на наредната година.
XS
SM
MD
LG