Достапни линкови

Иранскиот режисер Фархади повторно „под мраз“


Иранските власти денеска ја повлекоа дозволата за довршување на прекинатиот филм ’Надер се разведува со Симин‘ на познатиот режисер Асгар Фархади, откако тој наводно дал позитивна оценка за опозициското движење.
Фархади, кој минатата година доби награда за најдобра режија на Берлиналето за филмот ’За Ели‘, изјавил дека се надева на големи промени во Иран и дека наредната година не треба да биде ни приближно слична со изминатите.
XS
SM
MD
LG