Достапни линкови

logo-print

Поплави во струмичко и валандовско


Поплавени се станбени објекти, подруми и улици во Струмица и пошироката околина. Во струмичко и во валандовско утринава врнеше обилен дожд.
Патот Валандово-Удово кај Калковска река е во прекин поради наноси предизвикани од поројниот дожд. Сообраќајот се пренасочува преку селото Марвинци.
Прекин има и на железничкиот правец Скопје–Гевгелија кај село Смоквица. Надојдените води однеле десетина прагови од пругата.
Властите работат на отстранување на штетите.

XS
SM
MD
LG