Достапни линкови

Северна Кореја подготвува најголемо воено дефиле во историјата


Северна Кореја го подготвува најголемото воено дефиле во својата историја. На смотрата, во пресрет на состанокот на владејачката партија на кој треба да биде донесена одлука за наследникот на Ким Јонг Ил, ќе учествуваат илјадници војници, тенкови и ракетни фрлачи.
Од јуни, во воздушната база Мирим за парадата се подготвуваат околу 10 илјади војници, јавува јужнокорејската агенција Јонхап.
Состанокот на највисокото раководство на Работничката партија на Северна Кореја почнува во вторник. Веќе подолго време се шпекулира дека за наследник на лидерот Ким Јонг Ил ќе биде избран неговиот најмлад син Ким Јонг Ун.
XS
SM
MD
LG