Достапни линкови

Пакистан ги ослободи бомбашите на данската амбасада


Судот во Пакистан денеска ги ослободи тројцата мажи кои беа обвинети за поврзаност со самоубиствениот бомбашки напад во близина на данската амбасада во Исламабад во 2008 година. Обвинителството најави дека ќе ја обжали пресудата.
Шест луѓе загинаа, а околу 30 беа ранети во нападот пред данската амбасада во јуни 2008. Нападот се случи кога во муслиманскиот свет се појави антиданско расположение поради тоа што во некои дански весници се појавија карикатури на пророкот Мухамед.
XS
SM
MD
LG