Достапни линкови

logo-print

Нигериски нобеловец формира политичка партија


Добитникот на нобеловата награда за литература Воле Сојинка основа нова политичка партија во Нигерија, во пресрет на претседателските и парламентарни избори. Партијата се залага за намалување на корупцијата и подобрување на условите во здравството и во образованието во најнаселената африканска држава. Сојинка стекна слава преку неговите политички ангажирани книги и драми. Тој е претседател на партијата, но се уште е неизвесно дали ќе се кандидира за некоја функција.
XS
SM
MD
LG