Достапни линкови

logo-print

Тадиќ - Нема да го признаеме Косово, но сме подготвени на дијалог


Претседателот на Србија Борис Тадиќ денеска во Њујорк порача дека Србија е подготвена за дијлог со Приштина. Во обраќањето на 65. заседание на Генералното собрание на ОН, Тадиќ рече дека Србија никогаш нема да ја признае еднострано прогласената независност на Косово, „ни експлицитно, ни имплицитно“. Тој, сепак, нагласи дека Србија е подготвена да се вклучи во процесот, за кој се надева дека ќе доведе до обострано прифатливо компромисно решение за проблемот на Косово, во рамките на глобално прифатените права на ОН.
Тадиќ потсети дека дијалогот меѓу Белград и Приштина е овозможен со Резолуцијата на Србија и ЕУ за мислењето на Меѓународниот суд на правдата, која пред неколку недели ја усвои Генералното собрание.
XS
SM
MD
LG