Достапни линкови

Коха Диторе: Сејдиу би можело да поднесе оставка


Постои можност претседателот на Косово Фатмир Сејдиу да поднесе оставка, бидејќи Уставниот суд утврди дека тој го прекршил Уставот со тоа што како шеф на државата истовремено ја задржал и позицијата претседател на Демократскиот сојуз на Косово. Не се исклучува можноста Сејдиу ваквата своја одлука да ја соопшти по враќањето од Соединетите држави, пишува весникот Коха Диторе. Во кабинетот на Сејдиу е потврдено дека тој денеска попладне би требало да се врати во Приштина.
XS
SM
MD
LG