Достапни линкови

Уапсен патникот во пакистанскиот авион, немал бомба


Шведската полиција соопшти дека го уапсила човекот за кој постоело сомневање дека носел експлозив во пакистанскиот авион со 273 патници и членови на екипажот кој на летот од Канада за Пакистан принудно слетал на аеродромот Арланда во Стокхолм. Се додава дека станува збор за канадски државјанин со потекло од Пакистан и оти по прегледот на неговиот багаж било утврдено дека немал експлозив. Претходно полицијата ги евакуира сите патници од авионот Боинг 777. Шведската полиција соопшти дека пилотот решил да слета откако канадските власти примиле дојава дека патник во авионот носел експлозивна направа.
XS
SM
MD
LG