Достапни линкови

Британија страхува од тероризам на ирските милитанти


Британија го подигна нивото на опасност за можен напад од ирски милитанти. Претходно опасноста се оценуваше како ,,умерена,, но, сега таа е ,,значителна,,. Станува збор за трето највиско ниво што подразбира дека постои голема можност групите кои се противат на британското владеење во Северна Ирска да извршат напади во Британија. Неодамна припадници на Вистинската Ирска републиканска партија се заканија со напади врз воени, политички и економски цели, вклучувајќи и банки во Лондон. Заканата од можни напади од исламските екстремисти во Британија и натаму е на второто највиско ниво.
XS
SM
MD
LG