Достапни линкови

logo-print

Обраќање на претседателот Иванов на ГС на ОН


,,Македонија е целосно посветена на процесот на решавање на разликите со Грција околу името во рамките на механизмот воспоставен со резолуциите на Обединетите нации.,, Ова го изјави македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов во обраќањето на 65 заседание на Генералното собрание на Обединетите нации, додавајќи дека врвна цел на земјата е интегрирање во Европската унија и НАТО. Решението на спорот, како што рече, е можно само доколку се почитуваат Повелбата на Обединетите нации, нејзините резолуции, меѓународното право и принципи врз кои почива меѓународниот поредок. ,,Се надевам дека како две соседни земји ќе успееме да најдеме заемно прифатливо решение. Тоа ќе биде голем чекор за нас, но и за исполнувањето на визијата за нашиот регион, изјави македонскиот претседател Иванов на Генералното собрание на Обединетите нации.
XS
SM
MD
LG