Достапни линкови

Словачка ги повлекува војниците од Косово


Министерството за одбрана на Словачка соопшти дека предложило целосно повлекување на словачките војници од Косово.
Доколку Владата и парламентот на Словачка го прифатат предлогот, 140-те словачки војници од НАТО силите на Косово ќе се вратат во земјата до крајот на годината.
Според портпаролот на Министерството, повлекувањето на војниците од Косово ќе овозможи земјата да испрати повеќе војници во Авганистан. Во моментот во словачкиот контингент во Авганистан се наоѓаат околу 300 војници.
XS
SM
MD
LG