Достапни линкови

Обама до Иванов со охрабрувачка порака за спорот со името


Македонскиот претседател Ѓорге Иванов синоќа во Њујорк оствари две средби со американскиот претседател Барак Обама.
Како што јави МТВ од Њујорк, на средбите на маргините на 65. Генерално собрание на ОН, претседателот Обама упатил охрабрувачка порака за решавање на спорот со името со Грција.
По средбите со Обама, Иванов за време на ручекот кај генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун имал средба со Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо на која се разговарало за македонските евроинтеграции.
Претседателот Иванов се сретнал и со генералниот секреатар на НАТО Андерс Фог Расмусен, при што Расмусен изразил благодарност за учеството на македонската армија во НАТО мисиите.
Шефот на македонската држава останува во Њујорк и во наредните денови. По консултациите со премиерот Никола Груевски договорено е претседателот Иванов да го продолжи престојот и да го преземе планираното обраќање пред Генералното собрание на ОН.
XS
SM
MD
LG