Достапни линкови

Ердоган - Во Турција се учи и ќе се учи само на турски


Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган денеска ја отфрли можноста во училиштата во земјата да се воведе настава на курдски јазик, што претставува едно од клучните барања на прокурдското политичко движење кое инсистира на завршување на повеќедеценискиот судир меѓу владата и курдските бунтовници.
Турскиот премиер изјави дека наставата во Турција може да се оддржува само на турски јазик, јавија агенциите.
Од почетокот на вооружената борба на Работничката партија на Курдистан против Турција, во 1984 година, убиени се повеќе од 40.000 лица, најмногу Курди.
Според проценките, во Турција живеат околу 15 милиони Курди.
XS
SM
MD
LG