Достапни линкови

Вашингтон не знае дали ке учествува во дијалогот Белград - Приштина


Шефот на мисијата на САД во Косово Кристофер Дел изјави дека Вашингтон се уште не знае дали и на кој начин ќе учествува на престојните разговори меѓу Белград и Приштина.
За телевизијата Мост од Звечани Дел изјави дека меѓу Белград, Приштина, Брисел и Вашингтон во тек се одредени разговори, но дека според негови сознанија се уште нема директни преговори меѓу Белград и Приштина.
Дел додаде дека САД, без разлика на несогласувањето со Белград за прашањето на независноста на Косово, сакаат најдобри можни односи со Србија.
XS
SM
MD
LG