Достапни линкови

ВМРО ДПМНЕ - Имотот на функционерите е од пред да станат власт


Функционерите од ВМРО-ДПМНЕ го стекнаа својот капитал пред да започнат да вршат јавна или државна функција. Сите набројани имиња на прес-конференцијата на СДСМ се луѓе кои се на јавна функција една, две или три години. А имотните листови, од кои и СДСМ црпи информации, се поднесени пред да ги добијат функциите, изјави попладнево портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Бичиклиски.
Сите тие, посочи тој, влегоа во политиката од работни места на исклучително големи компании и познати светски брендови, значајни светски институции или беа веќе со сериозно развиен приватен бизнис.
„Сите знаат дека Петре Латиновски поседува бизнис повеќе од дваесет години. Жика Стојановски пред да стапи на функцијата градоначалник повеќе години наназад имаше успешен бизнис. Владимир Пешевски е еден од најуспешните менаџери во Република Македонија. Сите знаат дека Зоран Ставревски работеше во Светска Банка и веќе поседуваше стан во Вашингтон. Иво Ивановски пред да стапи на функцијата работеше во најголемата фабрика за производство на пластика, а Мијалков пред да стапи на функција веќе поседуваше стан во Чешка“., рече Бичиклиски.
Тој му препорача на Стевчо Јакимовски да се позанимава со своите богати партиски колеги, поради тоа што, како што рече, Зоран Заев со својата фамилија и бизнис партнерите сами тежат повеќе од сите функционери на ВМРО-ДПМНЕ заедно.
XS
SM
MD
LG