Достапни линкови

СДСМ - Вмровските функционери со милионски имоти


СДСМ денеска на прес-конференција повторно објави детали за имотната состојба на функционери од владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ.
Според Стевче Јакимовски, градоначалникот на општина Илинден Жика Стојановски пријавил имот во вредност од 1,5 милиони евра, градоначалникот на општина Сопиште Јован Ѓорѓијоски, поседува имот во вредност од скоро еден милион евра, директорот на Дирекцијата за задолжителни резерви за нафта и нафтени деривати Марјан Јованов има имот со вредност во 1,1 милиони евра, градоначалникот на Скопје Коце Трајановски поседува имот во вредност од над половина милион евра, министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска пријавила имот од половина милион евра. Јакимовски тврди дека 53 пратеници на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија пријавиле имот во вредност од 10 милиони евра.
XS
SM
MD
LG