Достапни линкови

logo-print

Груевски - нападни го Вмро дпмне за да го сокриеш Уставниот Суд


ВМРО-ДПМНЕ и јас како нејзин претседател сме најголеми подржувачи на процесот на лустрација. Немаме никакви дилови ниту пак пазари со кои би се заштитиле лица кои прекршувале човекови права и уништувале човечки судбини, пишува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Никола Груевски во отвореното писмо до како што ги нарекува противниците на лустрацијата по обвинувањата дека тој и неговата партија го кочат процесот и штитат одредени соработници со тајните служби.
- „Затоа, ајде сите на лустрација, и тоа со јавни листи, и тоа со период до 2010 година, вели Груевски и додава дека тој прв поднел изјава дека не бил соработник со тајните служби!

„Нападни го ВМРО-ДПМНЕ, за да го затскриеш Уставниот суд за чиј член Комисијата јавно се изјасни дека бил соработник на тајните служби. Обвини го Груевски дека ја кочи лустрацијата, за да не те обвини Груевски дека стана кристално јасно дека соработник на тајни служби од Уставниот суд му сруши цела палета на реформи и за да не постави прашање зошто Бранко Црвенковски го предложи за судија на Уставен суд тоа лице кое било соработник на службите и кој е тој центар на моќ кој се уште го диригира „соработникот“.

Вра основа на ова, тој додава оти така се доаѓа до, како што вели, до оние кои сакаат да ги заштитат наследниците на УДБА.
И така доаѓаме до одговорот за тогашниот и сегашен инспиратор на сценариото за заштита на наследниците на УДБА. БЦ-лично и персонално, кој е во уплав затоа што еден демократски систем му ја откри недемократската шема со Уставниот суд, и кој повторно од Ауди (каква иронија) на автопатот Тетово-Скопје дава инструкции кои потоа му се пренесуваат на поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ за тој свесно или несвесно, ама небитно, сакајќи или несакајќи одработува за левицата, а против десницата и демократијата, вели Груевски во отвореното писмо.

Според него, апсурдно е да се каже дека ВМРО-ДПМНЕ е против лустрацијата, сомнително во тој настап воопшто да не се споменат кодошите на Црвенковски, кој по сопствено признание на сегашниот обвинувач за наводно кочење на процесот, ја уништил неговата кариера, пробал да ја уништи и ВМРО-ДПМНЕ, а оти најапсурдно е да се влезе во сценариото на Бранко Црвенковски и да се работи да се симне ВМРО-ДПМНЕ од власт за да дојде СДСМ
XS
SM
MD
LG