Достапни линкови

Обама ветил натамошна подршка за независноста на Косово


Американскиот претседател Барак Обама ветил натамошна дипломатска подршка за независно Косово, соопшти денеска кабинетот на косовскиот претседател Фатмир Сеидиу. Како што се наведува во соопштението, Обама ова го истакнал на синоќешната средба со Сеидиу. Инаку, претседателот Сеидиу, премиерот Хашим Тачи и шефот на дипломатијата Скендер Хисени, во Њујорк разговарале и со американскиот заменик државен секретар Џејмс Стајнберг, кој најавил дека Соединетите Држави ќе продолжат да влијаат врз други земји да го признаат независно Косово.
XS
SM
MD
LG