Достапни линкови

logo-print

Израелските сили убиле еден палестински рибар


Според палестински извори, израелските поморски сили стрелале врз еден палестински брод, при што бил убиен еден рибар. Израелската војска соопшти дека било стрелано врз бродот кој се доближувал и не ја послушал наредбата да се врати. Израелските воени бродови спроведуваат блокада на Појасот Газа и често стрелаат врз палестинските рибарски бродови кои ќе се оддалечат од брегот.

XS
SM
MD
LG