Достапни линкови

logo-print

Во Романија протести на полицајци и затворски чувари


Неколку илјади полицајци и затворски чувари протестираа денеска пред зградата на Владата во Букурешт, со барање за повисоки плати.
Полициските службеници бараат да се врати нивото на платите од септември 2009 година, да се прекинат намалувањата на вработените во државниот сектор и да се одделат средства за обезбедување нормални услови за работа.
Протестите во Романија ќе продолжат и во понеделник, кога ќе протестираат вработените во државната администрација.
XS
SM
MD
LG