Достапни линкови

logo-print

Речиси 100 ученици затруени од неисправна вода во Врапчиште


Речиси сто ученици од основното училиште во селото Врапчиште не одат на настава поради труење кое го предизвикало вода од чешма во дворот. Директорот на училиштето, Сами Исмаилоглу, ја потврди информацијата и нагласи дека пред некој ден побарал помош од Центарот за јавно здравје.
По направените испитувања, епидемиолозите велат дека го нашле изворот на зараза и причините за болеста кај децата.
Од вчера е воведена забрана за користење на водата за пиење и за готвење од ова место.
XS
SM
MD
LG