Достапни линкови

Дијалог со Иран?


Совет за безбедност на ОН
Совет за безбедност на ОН

Дали е на повидок дијалог меѓу Иран и светските сили за разликите околу нуклеарната програма на Техеран. Имено, лидерите на Иран и на САД изразија готвеност за продолжување на меѓународните разговори за ставање крај на неизвесната ситуација. Од друга страна делегациите на САД и Европската Унија го бојкотираа синоќешниот говор во Обединетите Нации на иранскиот Претседател Ахмадинеџад.

Претседателите Махмуд Ахмадинеџад и Барак Обама говореа за нуклеарните прашања во нивните обраќања вчера во рамките на Генералното Собрание на ОН во Њујорк. До овие обраќања доаѓа четири месеци по последната рунда санкции на ОН против Иран, кои беа воведени поради одбивањето да бидат прекинати нуклеарните активности .
Обама го повика Иран да ја потврди пред меѓународната заедница намерата за мирољубива нуклеарна програма. Вашингтон и сојузниците се сомневаат дека Техеран преку програмата за збогатување ураниум сака да произведе атомска бомба. Иран тоа го негира.

„Соединетите Држави и меѓународната зедница бараат решение за разликите со Иран. Вратата за дипломатијата останува отворена доколку Иран се реши да го избере тој пат. Но, иранската влада мора да демонстрира јасна и веродостојна посветеност кон мирољубива нуклеарна програма“.

Махмуд Ахмадинеџад - Претседател на Иран


Во неговиот говор, иранскиот Претседател Ахмадинеџад, пак изјави дека е секогаш подготвен на дијалог врз база на почит и правда. Но тој исто рече и дека Техеран на дијалог нема да го принудат санкции кој за Иран се илегални. Тој за јапонски новинар изјави дека разговорите меѓу Техеран и светските сили неможат да почнат пред Октомври.

Делегациите на САД и на ЕУ синоќа го напуштија заседанието на Генералното Собрание на Обединетите нации затоа што иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад во својот говор рече дека постојат шпекулации оти терористичките напади на 11 септември 2001- та година ги организирале Соединетите Американски Држави.

„Одредени сегменти во владата на САД го организираа нападот на 11 септември 2001 година за да го одвлечат вниманието од падот на американската економија и за да го спасат Ционистичкиот режим на Блискиот Исток. Повекето американци и другите во светот се согласуваат со овој поглед“.

Рече Ахмадинеџад, кој го нападна Вашингтон поради ангажирањето во Авганистан и во Ирак.

  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG