Достапни линкови

logo-print

Средба Иванов- Папандреу


Македонскиот претседател Ѓорге Иванов и грчкиот премиер Јоргос Папандреу синоќа во Њујорк имаа дваесетминутна тет-а-тет средба на маргините на 65-то Генерално собрание на ОН. Иванов и Папандреу, како што пренесе МИА, оцениле дека ова е чувствителен период во кој двете земји треба заемно да испраќаат пораки кои ќе имаат позитивни елементи на градење доверба. Македонскиот претседател напоменал дека спомнувањето на Уставот како дел од преговорите за прашањето за името е чувствителна тема за Македонија и оти во овој период мора да се внимава што двете страни официјално изјавуваат. На средбата не станало збор за суштината на проблемот. Двајцата се согласиле дека подобро е да се остави медијаторот Метју Нимиц да даде предлог во оној момент кога ќе почувствува дека тој нема да биде одбиен од двете страни. Шефот на македонската држава останува во Њујорк и во наредните денови. По консултациите со премиерот Никола Груевски, договорено е претседателот Иванов да го продолжи престојот и да го преземе планираното обраќање пред Генералното собрание на ОН.
XS
SM
MD
LG