Достапни линкови

Одложено враќањето на тројца астронаути на Земјата


Враќањето на Земјата на двајца Руси и еден Американец од Меѓународната вселенска станица е одложено поради проблеми со процедурата за приземјување на капсулата Сојуз, соопштија официјални претставници. Според последните информации, новото слетување треба да се случи во Казахстан денеска околу 10 часот. Американскиот астронаут Трејси Колдвел и двајцата руски комоснаути Александар Скворцов и Михаил Корниенко се во Меѓународната вселенска станица од април годинава, каде што работат на научни експерименти.
XS
SM
MD
LG