Достапни линкови

ЕУ ќе ја разгледа српската кандидатура наредниот месец


Министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската унија ќе ја разгледаат кандидатурата на Србија за членство во ЕУ на својата средба на 25 октомври во Луксембург, изјави денеска во Њујорк шефот на белгиската дипломатија Стевен Ванакере. Белгија во мометов е претседавач со ЕУ.
Процесот на евроинтеграција на Србија беше главна тема на вчерашната средба на белгискиот премиер Ив Летерм со српскиот претседател Борис Тадиќ во Њујорк. На истата тема Тадиќ денеска ќе раговара и со вискокиот претставник на ЕУ за надворешни работи и бебзедност Кетрин Ештон.
XS
SM
MD
LG