Достапни линкови

Турција - посредник меѓу Белград и Приштина


Турција би можела да прифати посредничка улога меѓу Србија и Косово, изјави во Њујорк турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу. Тој посочи дека односите меѓу Турција и Србија бележат напредок во изминатиот период и оти Турција ќе биде мошне задоволна доколку тоа партнерство стане стратешко.
Давутоглу рече дека Анкара ќе ги преземе сите потребни мерки за обновување на безбедноста, мирот и стабилноста на Балканот.
XS
SM
MD
LG