Достапни линкови

Половина од Романците велат дека во комунизмот се живеело подобро


Половина од романските граѓани сметаат дека живееле подобро во времето на комунизмот, отколку сега, покажа најновата анкета на Институтот за истражување на злосторствата на комунизмот. Една четвртина од Романците одговориле дека животот пред 1989 бил полош.
Институтот нагласува дека резултатите од истражувањето не може да се гледаат еднострано како знак за носталгија кон комунистичкиот режим.
Основните причини поради кои Романците сметаат дека животот бил подобар во време на комунизмот се сигурноста на работните места и животниот стандард.
Истражувањето покажало дека 25 проценти од Романците сметаат дека комунистичкиот диктатор Николае Чаушеску направил добро за Романија, додека 15 проценти тврдат дека тој и наштетил.
XS
SM
MD
LG