Достапни линкови

Домашните фирми заборавени


Живинарска индустрија. Македонските бизнисмени се жалат дека се заборавени од владата во трката за странски инвеститори

Живинарска индустрија. Македонските бизнисмени се жалат дека се заборавени од владата во трката за странски инвеститори

Во обид да се привлече странски капитал, државата заборави на домашните фирми, се жалат македонските стопанственици.

Административните бариери и скапите кредити се причините поради кои домашните стопанственици не инвестираат во земјава. Во обид да се привлече странски капитал, државата заборави на домашните фирми, се жалат нивните сопственици.
Малиот пазар и нерешените комунални прашања ги спречуваат моите обиди да го проширам производството, вели Славчо Јорданов, сопственик на приватна фирма.
Конкретно ние имаме проблем бидејќи имаме заемено место до нашата фабрика, а пет години не е донесен Деталниот план. Кај нас не се решаваат проблемите.


„Конкретно ние имаме проблем бидејќи имаме заемено место до нашата фабрика, а пет години не е донесен Деталниот план. Кај нас не се решаваат проблемите.“

За некои стопанственици, пак, најголем проблем претставуваа неповолните услови за подигање кредит.

Ќе почнат ли да чадат фабричките оџаци?

„Нашиот капитал е многу слаб и втора работа, кој добива кај нас пари на десет години, а инвестиции не можеш да ги вратиш за пет години. Еве да имаш и свој дел, тогаш тој бизнис треба да биде 20 отсто профитабилен за да можеш да го исплатиш долгот“, изјави Ристо Ташев, сопственик на живинарска индустрија.

И економските експерти се согласуваат дека е потребно менување на економската политика во насока на олеснување на условите за инвестирање. Домашните инвеститори треба да бидат стимулирани и да добијат еднаков третман со странските, порачува професор Христо
Тие треба да добијат по поволен третман.
Карталов:

„Тие треба да добијат поповолен третман во смисла на преземање на некакви консултантски услуги од страна на Владата и владина агенции, првите две три години ослободување на даноци, персонални или даноци на добивка итн.“

Новите вложувања би создале нови работни места, велат експертите и посочуваат дека е потребно вложување и во образованието, праксата и развивање на конкретни вештини за одреден вид бизнис.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG