Достапни линкови

logo-print

Путин - Нема да војуваме за Арктикот


Рускиот премиер Владимир Путин вели дека земјите што граничат со Арктикот нема да војуваат за ресурсите на поларниот регион. Зборувајќи на Конференцијата за Арктикот во Москва, Путин рече дека верува оти несогласувањата може да се решат според меѓународното право. Русија, Канада, САД, Данска и Норвешка расправаат за поделба на Арктикот. Се проценува дека една четвртина од енергетските ресурси на планетата се таму. Американските научници проценуваат дека до 2030 година ќе се стопи ледот на Арктикот.
XS
SM
MD
LG