Достапни линкови

Пад на вредноста на МБИ 10


Индексот на десетте најликвидни компании на македонската берза е влезен во надолен тренд.

Брокерите велат дека инвеститорите се воздржани, а не изостануваат ни влијанијата од берзите во регионот. Првиот човек на „Иново Брокер“, Јованче Тасковски вели дека освен влијанијата од странските берзи, одредени политички моменти имаат влијание врз интересот на странските инвеститори:
Значи во последниве месец дена има интензивирање на разговорите, во определени моменти има позитивни или негативни информации и тоа влијае на странските инвеститори.


„Значи во последниве месец дена има интензивирање на разговорите, во определени моменти има позитивни или негативни информации и тоа влијае на странските инвестори.“

Сепак падот на индексот на десетте најликвидни фирми, популарно познат како МБИ 10 не е единствениот обесхрабрувачки индикатор за состојбата на македонскиоот пазар на хартии од вредност. Во првите шест месеци од годинава, според официјални податоци, прометот на берзата бил преполовен во споредба со истиот период лани.

Илустрација: Берза

Од друга страна, од државниот завод за статистика се пласираат позитивни индикатори за состојбата на македонската економија, од кои последен беше податокот за раст на индустриското производство. Од тука и прашањето дали македонската берза е огледало на состојбите во македонската економија? Тасковски одговара:

„Не, не можеме да кажеме дека берзата е комплетна рефлексија на економската ситуација заради тоа што имаме компании, поготово компаниите од МБИ 10, работат со позитивни резултати, ја осетија и тие економската криза, но не во таа мерка.“
Она што беше главен креатор на движењата на берзата, тоа се странските особено институционални инвестори, од почеток на година тие се сведуваат на 10-15% од вкупното учество што е
недоволно.


Состојбата се сведува на немање пари, смета брокерот Горан Марковски:

„Да работите се дека едноставно нема пари, а од друга страна постои воздражаност кај институционалните инвестори.“

Воздржаност има и кај странските инвеститори кои, според Марковски, биле еден од главните поттикнувачи на растот на пазарот:

„Она што беше главен креатор на движењата на берзата, тоа се странските, особено институционални инвестори, од почеток на година тие се сведуваат на 10-15% од вкупното учество што е недоволно.“

Инаку, судејки по статистичките податоци од берзата, во август има благ пораст на вкупниот промет на пазарот од сите сегменти, но бројот на трансакции, од друга страна, е благо намален.
XS
SM
MD
LG